ВИДЕО | Коцевски: Доколку мерките не дадат ефект, треба да се размислува за карантин во одредени општини

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски за Утрински брифинг изјави дека тој не е за воведување на карантин, но доколку мерките не дадат ефект, тоа треба да се направи.

-Одлучивме да ги почитуваме препораките на Владата. Работиме двосменски се со цел да не падне кондицијата кај вработените. Првата смена е од 7-12:30, пола час пауза, па почнува втората смена до 17:30. Размислувам за селективен пристап за ставање во карантин на одредени општини. Доколку мерките на Комисијата не дадат ефект, сметам дека ова треба да се направи, рече тој.

-Јас не сум за целосен карантин туку да се ограничи движењето на луѓето, комбинирано со зголемување на нашата свест и совест. Треба да станат малцинство оние кои шират дека КОВИД-19 не е опасна болест, изјави Коцевски.

Тој дополни дека со неодговорното однесување се доведуваат во опасност животите на најблиските.

-Како град се трудиме да функционираме нормално, во оваа ненормална ситуација. Се обидуваме брзо да одговориме во поглед на странските инвестиции, кои и тоа како се добредојдени, вели Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот