ВИДЕО: Кинески документарец од 2017 година фрла ново светло за потеклото на коронавирусот

Profimedia

Институтот за вирологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе долго време се наведува како можен извор за ширењето на заразата на коронавирусот. Но, кинеските власти ги отфрлаат таквите тврдења како „чиста шпекулација“ и велат дека во таа лабораторија важи високо ниво на безбедност.

Меѓутоа, документарен филм, кој на државната кинеска телевизија ЦЦТВ е веќе прикажан во 2017 година, покажува колку лежерно се однесуваат некои соработници во Институтот во работата со коронавирусите, пишува „Дојче веле“ и додава дека на тој филм потсетил и „Тајван њуз“ во пресрет на доаѓањето на експертите од СЗО.

Филмот прикажува група научници собрани околу Ши Џенгли, позната како „ Жената лилјак“ во потрага по потеклото на САРС, и иако им беше јасно дека лилјаците што ги испитувале може да носат смртоносни вируси, некои научници за тоа не носеле заштитна опрема за време на истражувањето во пештерата во Јунан.

Фатените лилјаци биле прегледани со голи раце, а без заштита им бил земен измет со раце, што е можен извор на инфекција.

Вирусологот Чуи Џиу дури рекол дека лилјак го каснал преку тенки гумени ракавици и тој во филмот покажува оток на местото каде што е гризнат, додека глас од позадината вели дека лилјаците можат да пренесат бројни вируси, вклучително беснило, па затоа членовите на истражувачкиот тим се вакцинирани против беснило пред земањето мостри.

Филмот ненамерно покажува дека безбедносните мерки не се почитуваат правилно, не само за време на истражувањето во пештерата туку и во лабораторијата, каде што лабораториските техничари не носат вистинска заштитна облека или маска за лице, пишува ДВ.

Овој филм, се вели, отвора прашања на кои тимот на СЗО сигурно би сакал да најде одговори, бидејќи она што шокира е лежерниот однос кон безбедносните мерки.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот