ВИДЕО: Каква грешка на Чурлинов – Шалке елиминиран од Купот на Германија

Дарко Чурлинов беше стартер за Шалке, но беше „виновникот“ за поразот од Минхен 1860/Фото: twitter.com/s04/FC Schalke 04

Денеска во 1/16 финалето од Купот на Германија Шалке како гостин загуби од екипата на Минхен 1860 со конечен резултат 1:0.

За Шалке стартер беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но уште на самиот почеток од средбата направи грешка што го чинеше елиминација на неговиот клуб од натпреварувањето.

Во многу опасен дел од теренот, пред шеснаесетникот реагираше невнимателно, ја загуби топката, тоа го искористи противникот кој од непосредна близина преку Лекс после асистенцијата на Молдерс дојде до погодок.

Грчкито тренер на Шалке, Грамоцис очигледно незадоволен од реакцијата на нашиот играч, веќе во 22 минута Чурлинов беше заменет. На стартот од вториот дел проблемите за гостите станаа уште поголеми бидејќи црвен картон доби Тшау.

Пласман во осминафиналната фаза од германскиот Куп обезбедија уште тимовите на Херта, Лајпциг и Хофенхајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот