ВИДЕО | Како ова може да биде пенал? Неверојатна судиска грешка во Шпанија

Фото: Screenshot

Се случуваат грешки, грешат играчите, голманите, тренерите, па така и судиите, но она што ни пристигнува од Шпанија е една од најголемите судиски грешки кои некогаш сме ги виделе.

Станува збор за натпревар на кој играа младинци. Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња одлично комбинираа, а во еден момент се сопнаа еден во друг. Не очекуваа сигурно и самите тие, а главниот судија на натпреварот досуди најстрога казна.

Разбирливо следуваа реакции и протести од противничките фудбалери, меѓутоа тука ВАР не се користи, па така и одлуката не се промени. Фудбалерот на противничкиот тим иако сигурно знаеше дека пеналот не го заслужија не одигра фер-плеј и го реализираше.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот