ВИДЕО | Јовановски: Капиталните инвестиции се една од клучните слабости на оваа влада

Мирче Јовановски, новинар/Фото: Слободен печат

Неизвесноста на политичката сцена, новото парламентарно мнозинство, новата влада го доведува во прашање и буџетот за идната година кој треба пратениците да го донесат до крајот на годината, а без него се доведува во прашање целокупното функционирање на системот.

-Министерот Бесими вчера не знаеше да одговори дали прво ќе биде донесен буџетот или ќе биде изгласана нова влада. Ме радува конструктивноста од страна на опозицијата. Доколку не биде донесен буџетот ќе има големи последици. Ова е добар потег на опозицијата без оглед на бројот на амандманите. Процедурата во Собранието е ако не дојдат во рок од 10 дена до договор постои можност на компромис која ја најави и министерот, вели Мирче Јовановски, новинар и аналитичар.

Тој се осврна на економска криза во државата и во светски рамки.

-Европската комисија прилично изненадувачки излезе со прецизна и јасна констатација дека намалувањето на буџетскиот дефицит нема да оди така како што предвидува владата земајќи ги предвид сите светски економски движења. Доколку инфлацијата се пролонгира тоа секако ќе удри и врз можностите за нови инвестиции но и можноста граѓаните да трошат односно ќе имаат помалку пари за тоа, рече Јовановски.

Тој коментираше и за актуелната енергетска криза во државава и неможноста капацитетите да постигнат доволно количество на произведена струја за потребите на домашниот пазар.

-Деновиве во посета на Македонија беше Јанез Копач претседател на Европската енергетска заедница и рече дека Македонија е во многу неповолна ситуација. Обновливите извори на енергија во земјава не може да одговорат на предизвиците. Ние генерално се потпираме на РЕК Битола и никој не предвиде дека ќе се случи енергетска криза. Очигледно ќе мора да ги вклучиме и останатите капацитети а тоа ќе значи и поголемо загадување…

-Прв пат оваа Влада излезе со една јасна енергетска стратегија. Меѓутоа енергетската криза дојде некако среде натпревар, а последиците допрва ќе ги видиме и покрај обидите да се амортизира ударот, вели за УБ новинарот Мирче Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот