ВИДЕО | Јокиќ со трипл-дабл го сруши шампионот, Морант постигна 49 поени

Голден Стејт - Денвер/21 Oктомври 2022/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Денвер во вториот натпревар од новата сезона стигнаа до првата победа и тоа го совладаа актуелниот шампион Голден Стејт на гостински терен со 123:128.

Фантастичен натпревар одигра повторно актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар стигна до својот 77. трипл-дабл во најсилната кошаркарска лига. Јокиќ натпреварот го заврши со 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Денвер одигра фантастична прва четвртина во која постигна 40 поени, додека во втората се истакнаа со одлична одбрана и му дозволија на противникот да постигне само 18 поени. На пауза така заминаа со одлични 70:52. Во редовите на Денвер најдобар беше Стеф Кари со 34 поени.

Интересна завршница видовме во Портланд каде што домаќините го добија Феникс со 113:111 и тоа после продолжение од пет минути. Лилард постигна 41 поен, додека победничкиот кош беше дело на Енферни Симонс кој мечот го заврши со 16 поени. До дабл-дабл стигна Јусуф Нуркиќ со 20 поени и 17 скока.

За издвојување е и супер настапот на Џа Морант кој со 49 поени го водеше Мемфис до победа против Хјустон 129:122.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њу Орлеанс 112-114, Индијана – Сан Антонио 134:-137, Вашингтон – Чикаго 102-100, Атланта – Орландо 108-98, Бруклин – Торонто 109-105, Мајами – Бостон 104-111, Њујорк – Детроит 130-106, Хјустон – Мемфис 122-129, Минесота – Јута 126-132 (прод.), Голден Стејт – Денвер 123:128, Портланд – Феникс 113-111 (прод).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот