ВИДЕО: Изгоре автомобил во Бутел 2

На улицата „Втора македонска бригада“ во скопската населба Бутел 2 вечерва е опожарен автомобил. „Слободен печат“ од терен обезбеди снимки од моментите непосредно по избувнувањето на огнот.

Според жителите на населбата со кои разговаравме, пред да се запали автомобилот, се слушнала силна врева.

“Слушнавме силна врева. Кога излеговме видовме како овој автомобил се запали. Пожарот се прошири многу брзо”, велат жителите на населбата.

Екипа од пожарникари го гаснеше пожарот, додека полицијата изврши увид и ги истражува причините за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот