ВИДЕО | Италија е опустошена од бури и поплави, уништени се куќи и стотици автомобили

Синоќа невреме ја погоди северна Италија, оставајќи 50 изолирани лица во областа на езерото Комо, а во вторникот вечерта поради дожд и силен ветер во регионот Венето, беа регистрирани над 500 итни повици за интервенција, пренесуваат агенциите.

Во Бриено, на западниот брег на езерото Комо, поради свлечиште, жителите беа изолирани. Службите за итни случаи спасија жена која остана заробена во нејзиниот дом. Евакуирани се и други две куќи.

Штабот за цивилна заштита зборуваше за силни бури, особено над Ломбардија. Другите делови на западниот брег на езерото Комо исто така беа погодени од силен дожд, објави новинската агенција АНСА. Засега нема информации за жртвите.

„Невремето, проследено со силни налети на ветер, погоди големи делови од регионот Венето“, пренесува АНСА.

Тој додава дека противпожарната служба има добиено повеќе од 500 барања за интервенција во регионот.

Италија со денови се бори со силни бури и град. Силно невреме ја погоди северна Италија во понеделникот. На автопатот меѓу Парма и Пјаченца беа оштетени неколку стотици возила, а неколку лица беа повредени.

Паѓањето град достигна големина на тениски топки. Мразот скрши дрвја, ги уништи покривите на куќите и искрши автомобили. Пријавена е штета од повеќе милиони долари. Уништени се куќи, полиња, лозја, насади..

Пожари во Сардинија

Во исто време, делови од Сардинија се опустошени од огромни пожари што ги гаснеа илјадници пожарникари.

Италија побара од европските земји да испратат противпожарни авиони за да и помогнат.

“Ова не се памети во историјата на Сардинија. Високите температури и ваквите климатски услови се погодни за огнената стихија. Досега, 20.000 хектари, што претставува вековна еколошка историја на островот, се претвори во пепел”, рече Алесандро Паола, заменик командант на италијанските противпожарни бригади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот