ВИДЕО: Ирвинг како Џордан, Бруклин им се врати на победите во НБА

Кајри Ирвинг („Бруклин нетс“) имаше фантастична партија против Шарлот хорнетс/Њујорк, САД/ фото. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Екипата на Бруклин со триумфот на гостувањето кај Шарлот со резултат 132:121 ја прекина негативната серија на порази во НБА лигата.

Најзаслужен за 33 победа на Нетси оваа сезона беше Кајри Ирвинг кој имаше фантастичен учинок од 50 поени (шест асистенции).

Овие 50 поени Ирвинг ги реализираше после само 19 шута, односно стана третиот играч во историјата на НБА со 50 поени на помалку од 20 шутеви.

Воедно тој е првиот кошаркар уште од легендарниот Мајкл Џордан со повеќе од еден натпревар во кој постигна 50 поени со преку 75% шут од игра.

Кај Хорнетси, кои го претрпеа 34 пораз, по 30 поени запишаа Мајлс Бриџес и Тери Розиер. Во Источната конференција Бруклин е на осмата позиција (33-33), веднаш пред Шарлот (32-34) на деветтото место.

НБА лига, резултати –

Шарлот хорнетс – Бруклин нетс 121-132
Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс 124-127
Орландо меџик – Феникс санс 99-102
Мемфис гризлис – Њу Орлеанс пеликанс 132-111
Оклахома сити – Милвоки бакс 115-142
Голден стејт – ЛА Клиперс 112-97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот