ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Проф. Мијоски: Доцниме со градежната офанзива, костурот на целата патната мрежа се правеше меѓу 2000 – 2010 година

д-р Горан Мијоски - професор на Градежен факултет / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Македонија последниве години започна градежна експанзија на патишта и инвестира значителни суми дури повисоки од други побогати држави од нашата, вели проф. д-р Горан Мијоски од Градежниот факултет во емисијата „Утрински печат“.

Според него развојот на градежништвото е одраз за состојбата во економијата во една држава, затоа што тоа е показател дали има инвестиции или не.

Ова е поради фактот што градежништвото како економска гранка врзува уште 28 до 30 други стопански гранки, додава професорот Мијоски.

Сепак, смета Горан Мијоски ние како држава задоцнивме со оваа градежна офанзива. Словенија и Хрватска својот инвестициски циклус во патната инфраструктура го реализираа меѓу 2000 и 2005 или 2005 – 2010 година кога го поставија костурот на целата патна мрежа.

Во однос на одредени дубиози што се појавија околу градењето на двата Коридори 8 и 10-Д и изборот на надзор, Мијоски смета дека можеби се пропуштил моментот да се направи една добра презентација на самата идеја што и како се планира затоа што овој пристап т.н. црвен фидинг, или клуч на рака за првпат се применува кај нас, за разлика од досегашниот терк на реализација на вака крупни проекти.

Целиот разговор со проф. д-р Горан Мијоски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот