ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев : Институциите превентивно да реагираат за да нема прелевање на случувањата од соседството

Методи Хаџи Јанев- професор / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Грозоморниот чин што се случи во нашето соседство треба да биде аларм за сите оние превентивни органи кои што ги следат сите безбедносни прашања но и еден дополнителен аларм дека нешто погрешно целиот систем прави со децата особено околу пристапот, конзумирањето на информациите и вакумот кој што се има создадено помеѓу нив и оние кои што треба да ги воспитуваат. Сакам да истакнам дека за тоа не се само виновни единствено училиштата и образовните институции туку семејствата па дури целото општество но и заедница, вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостување во емисијата Утрински Печат говорејќи за најкрвавиот училишен час во Белград кога вчера вооружен со пиштол од татка си и со две рамки муниција, седмооделенец уби осуммина соученици и рани уште седумина во белградско основно училиште.

– Ваквите немили настани се тешки за коментар имајќи ги во предвид чуствата на семејствата на настраданите бидејќи станува збор за една жртва која ги извршила нападите но и самиот факт дека и самото дете е жртва на сите оние случувања кои се одвиваат околу нас и како резултат на тоа се јавуваат ваквите нус појави кои даваат негативна слика за се. Кратко кажано ова е страшна работа која навистина не треба да ја проследиме немо, само да седиме и гледаме со подотворени усти туку треба превентивно да се бориме за да не ни се случат истите состојби како што беше со дојавите со бомби во училиштата но и други примери кои каскадно се повторуваа и се прелеваа во нашето општество од странство – вели Хаџи Јанев.

Професорот Хаџи Јанев говореше и за тоа кои се превентивните мерки кои државата треба да ги превземе.

– Државата мора да превземе превентивни мерки за вакви случаи од соседството не се прелеат случајно дома. Доколку се сеќавате кривичните пријави кои беа поднесени кон осомничените за дојавите на бомби всушност беа млади деца кои што се инспирирале од некакви примери кои што се случувале во светот. Затоа она што треба да се нагласи е дека ова сега ќе бара мобилизација не само на државата туку и на локалните заедници, општини со сите нивни напори на работа со најмладите и близок контакт со луѓето се со цел да нема прелевање на вакви појави кај децата во македонското општество – истакна Хаџи Јанев.

Униврзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев во разговорот во студиото на „Утрински печат“ говореше и за последните случувања во Бахмут, Вагнер групата и нивните нови барања до Москва за дотур на муниција на фронтот но  и за тоа дали ќе има приближување на ставовите меѓу Белград и Приштина околу создавање на ЗСО – Заедницата на српските општини во Косово по последната средба во Брисел меѓу Албин Курти и Александар Вучиќ.

Повеќе од разговорот со Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот