ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Билјана Аврамоска Ѓореска, Агенција за пошти: Кој не си ја добил пратката да рекламира, само така може да биде обесштетен

Билјана Аврамоска Ѓореска, директорка на Агенција за пошти/Фото: Слободен печат

Агенцијата за пошти неуморно кажува дека корисниците треба да си ги користат своите права – независно дали се во својство на примач или во својство на испраќач, тие имаат право да испратат рекламација до давателот на поштенската услуга во законските рокови, но притоа имаат можност и за втора инстанца

Наш сограѓанин направил 7 нарачки преку Интернет, нарачките ги платил, според нотификацијата на доставувачот тие се во Пошта, но пратките никако да стигнат до него. Ова е само една од бројните реакции што ги слушнавме деновиве, а во врска со работењето на АД Пошта на Северна Македонија. Директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска, во разговор за „Утрински печат“ апелира до сите оние што имаат вакви проблеми да го искористат своето корисничко право – прво да се обратат со рекламација до Пошта, а ако треба и до Агенцијата за пошта.

– Агенцијата за пошти неуморно кажува дека корисниците треба да си ги користат своите права – независно дали се во својство на примач или во својство на испраќач, тие имаат право да испратат рекламација до давателот на поштенската услуга во законските рокови, но притоа има и втора инстанца, па доколку не е одговорено по основ на рекламацијата, или доколку не е задоволен од договорот, корисникот на поштенската услуга може да поднесе претставка, односно управен приговор до Агенцијата за пошти. Многу е важно корисниците да знаат дека треба да си ги користат корисничките права за да имаат исход кој е во нивна корист – вели Аврамоска Ѓореска.

Сепак, таа вели дека иако и тие се соочени со рекациите на граѓаните, статистиката на Пошта кажува дека во првото полугодие од 2022 година стигнале 273 рекламации што е помалку отколку во првото полугодие од 2021 година.

Директорката информира и дека на поштенскиот пазар има 35 даватели на приватни услуги, а дека лани дури на 10 даватели на услуги им биле одземени овластувањата – на 7 по сопствено барање, а за тројца даватели реагирала Агенцијата.

– Минатата година имавме само еден пример каде давателот на поштенски услуги престана да работи, а давателите на услуги имаа свои побарувања, но сметам дека тоа многу добро го изменаџиравме, и според нашите сознанија сè реши во полза на граѓаните- изјави Аврамоска Ѓореска.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот