ВИДЕО: Интер Мајами го освои Лига купот, Меси е најтрофејниот во историјата на фудбалот

фото: EPA-EFE/MARK HUMPHREY

Фудбалерите на Интер од Мајами го освоија Лига купот откако во финалето по подоброто изведување на пенали со вкупен резултат 11:10 го совладаа Нешвил.

Натпреварот по 90 минути заврши без победник 1:1. Интер поведе со голот на Лионел Меси во 23 минута. Ова беше 10 гол на Аргентинецот во седмиот натпревар во дресот на клубот од Мајами. Домашните израмнија во 56 минута со голот на Фафа Пико.

Екипата на Интер Мајами реализираше 10 од 11 пенали, а еден помалку играчите на Нешвил.

Во последната, 11 серија, голманот на Интер, Дрејк Календер беше прецизен од 11 метри, а потоа му одбрани пенал на противничкиот голман Елиот Панико. Интер Мајами го освои првиот трофеј во клупската историја.

Меси стигна до 44 пехар во кариерата, освоени во периодот од 2004 до 2023 година, и Аргентинецот е играчот со најмногу трофеи во историјата на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот