ВИДЕО | Интер лесно се справи со Лацио и закажа финале во италијанскиот Суперкуп против Наполи

Фото: EPA-EFE/STR

Тимот на Интер закажа финале против Наполи во италијанскиот Суперкуп во Ријад откако вечерва со 3:0 беше подобар од Лацио.

Лацио вечерва немаше што да бара, Интер едноставно беше подобар тим и доминираше од почетокот до крајот и заслужено си обезбеди место во натпреварот за трофејот. Резултатот беше отворен по 17 минути игра кога по една одлична акција Турам ја затресе мрежата Проведел.

Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, а на самиот старт од вториот дел Чалхноглу реализираше пенал и зголеми на 2:0. Тука веќе стануваше кој ќе биде победникот. Конечните 3:0 на три минути пред истекот на регуларните 90 ги постави Фратези.

Ќе потсетиме, со истиот резултат Наполи вчера ја победи Фиорентина. Финалето помеѓу Интер и Наполи се игра во понеделник од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот