Наполи е првиот финалист во Суперкупот на Италија

фото: EPA-EFE/STR

Фудбалерите на Наполи, актуелниот шампион во Серија А се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп откако во Ријад, Саудиска Арабија, ја совладаа Фиорентина со 3:0.

Наполи поведе во 22 минута со голот на Џовани Симеоне, додека Фиорентина пред крајот на првото полувреме (44`) не успеа да израмни од пенал преку Иконе.

Цело второ полувреме Наполи ја чуваше минималната предност, а во финишот сите дилеми ги реши 24-годишниот Алесио Ѕербин. Најпрвин одлично се снајде во 84 минута и по еден корнер од непосредна близина ја смести топката во противничката мрежа за 2:0, додека две минути подоцна одлично го заврши контранападот и упати прецизен удар во спротивниот агол од врвот на шеснаесетникот за конечни 3:0.

Интер и Лацио во петок ќе го одиграат вториот полуфинален натпревар, а воедно Интер е бранител на титулата откако лани го совлада Милан со убедливи 3:0. Финалето е закажано за понеделник.

Италијански Суперкуп, полуфинале:

Наполи – Фиорентина 3-0 (Симеоне 22`, Ѕербин 84`, 86`)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот