ВИДЕО | „Имам пензија од 120.000 динари“: Дедо од Србија бара баба за сериозна врска преку „ТикТок“

Фото: Принтскрин - ТикТок

Дедо Драги Миќурин, од Србија преку ноќ стана популарен благодарение на неговата потрага по партнерка. Сѐ започна со видеото кое е објавено на „ТикТок“, преку кое дедо Драги бара баба до 79 години со која ќе поминува време заедно, пренесува „Н1“.

@dragi.micurin @Indijanci @Dragi Crni @mičurin ♬ Oj livado rosna travo – Braca Bajic

На видеото се објавени две слики од дедо Драги со текст:

„Која слика да ја објавам за да ми најдете баба која знае да подготвува јајца, супи и да ме бакнува?“, ги прашал дедо Драги тиктокерите.

По оваа објава, на неговиот профил беше објавено видео на кое се гледа како дедо Драги поминува време со пријателите, за потоа да се пожали со ново видео на „ТикТок“ дека добил голем број негативни коментари. Тогаш решил да соопшти колкава му е пензијата, а колку пари ќе одвои за идната партнерка, пишува Нова.рс“.

„Добив многу негативни коментари. Сакам сериозна врска. Имам пензија од 120.000 динари, а на бабата ќе и давам секој месец по 50.000 динари“, се наведува во соопштението.

@dragi.micurin♬ Oj livado rosna travo – Braca Bajic

Во следното видео тој ја покачува сумата на 60.000 динари.

@dragi.micurin♬ Oj livado rosna travo – Braca Bajic

Дедо Драги е активен на „ТикТок“ каде воглавно објавува видеа од дружбите со неговите пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот