ВИДЕО I Нова трагедија во Петриња: Волонтер кој ја поклони својата викенд куќа загина од пад од кров

Од пад од кров околу 10 часот утринава загинал волонтер кој им помагал на жртвите. Станува збор за 57-годишниот А.Ц., поранешен специјален агент и пензиониран офицер од селото Мали Јадр во близина на Врбовско.

Тој вчера им донирал сопствена камп куќа на едно од настраданите семејствата, а денес се обидел да помогне во санирање на покривот.

„Несреќата се случи во Петриња, каде штетата се санираше по разорниот земјотрес. Почна да врне во споменатата област и ги направи условите уште потешки, а човекот кој помогна да се поправи еден покрив падна и почина од повредите“, извести полицијата од Сисак. 

„Не се качувајте на покриви на неорганизиран начин. Знам дека е тешко да се погледне вашиот имот и маки, но најтешко е да се излезе пред семејството и да се каже дека веќе немаат некој близок. Во таа помош можеме да направиме страшна штета, а од друга страна кога ќе погледнеме дека човек изгубил живот тогаш нема зборови со кој ќе се намали болката. И тогаш како пред тие луѓе?“, истакна градоначалникот на Петриња Даринко Думбовиќ за ХРТ.

Додека се обидуваа да му помогнат на населението во областа сериозно погодена од земјотресот,  исто така беа повредени и пожарникари.

Двајца се повредени на терен, каде работат во тешки услови и на оштетени објекти. а  досега се повредени вкупно шест пожарникари.

„Пожарникарите работеа синоќа, и тие продолжуваат да работат и денес на отстранување на оштетените оџаци, поправки на покриви, отстранување плочки, обезбедување на руинирани места и други задачи со цел спасување и заштита на човечки животи“, соопшти хрватската противпожарна бригада.

По земјотресот што ја погоди Хрватска и предизвика големи загуби, пријавена е штета на 8.928 згради, од кои 2.688 штети се веќе обработени, објавено е по координативната сесија на окружниот штаб во Сисак.

Презентирајќи ја статистиката за разорниот земјотрес, префектот Иво Жиниќ рече дека 20 проценти од нив биле целосно срушени или сериозно оштетени згради што повеќе не можеле да се користат. Ќе биде потребна дополнителна статичка верификација за 24 проценти од објектите, а 54 проценти од објектите добиле зелена налепница и може да се користат, пренесува Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот