ВИДЕО: И на голманот не му е јасно – Иранец со најубавиот гол во историјата на футсалот!

Права мајсторија на Хосеин Тајеби во триумфот на Бенфика против Халадаш во ЛШ/Фото: EPA/MARIO CRUZ

Иранскиот футсалер Хосеин Тајеби го постигна еден од најдобрите голови во историјата на овој спорт.

Тој на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу унгарскиот Халадаш и португалската Бенфика направи магија.

Кон средината на првото полувреме, играчот на Бенфика ја прими топката скоро паралелно со гол-линијата, свртен со грбот и кога се чинеше дека од таа ситуација не може да направи ништо, изведе права мајсторија.

Направи пируета и на чудесен начин ја смести топката во противничката мрежа, ниту на голманот на Халадаш не му беше јасно како сето тоа беше направено.

Натпреварот од елитната фаза во ЛШ заврши со победа на Португалците од 8:3 за моментно прво место во групата „Д“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот