ВИДЕО I Кој е наркобосот што денеска беше брутално изрешетан во Тирана: Бехар Суло Софиа бил бмешан во терористичка ќелија која подготвувала напад врз муџахедините кои се сместени во Албанија

Во центарот на Тирана, денеска е убиен 65-годишен маж, сопственик на голем број бизниси, но и познат како наркобос, кој шверцувал хероин од Турција во Албанија.

Бехар Суло Софиа, по потекло од Берат, познат на полицијата заради своите криминални активности е убиен со огнено оружје со придушувач. Неговото убиство било добро организирано и дека убијците пукале од автомобил во движење во момент кога тој пешки се движел на тротоар во близина на познатиот објект „Пирамида” покрај реката Лана, наведува агенцијата Балкан веб

Бехар се смета за еден од блиските соработници на Абдулселам Тургут, уапсен во Албанија за трговија со хероин.

Бехар во 1998 година бил уапсен заради шверцување на поголема количина хероин од Турција во Албанија а бил вмешан и во инцидентот во Драч во 2009 година во кој беа убиени четворица полицајци.

Во Албанија имал градежна фирма, повеќе маркети и детски градинки, како и неколку бизниси во Швајцарија. Пред неколку години одреден период живеел во Турција.

Истрагата е во тек, а полицијата ги прегледува надзорните камери поставени на локацијата каде бил убиен. Мотивот најверојатно е пресметка меѓу нарко кланови

Албанските власти, од пред една година, Тургут го бара со меѓународна потерница, како дел од терористичка ќелија која подготвувала напад врз муџахедините кои се сместени во Албанија.

Дојче Веле во 2016 објави дека муџахедините од Иран беа донесени во најсиромашната земја во Европа од страна на Американците од поранешната американска воена база „Либерти“ во Ирак. Тие се членови на организацијата „Муџахедин-е-Калк“ (МЕК), која порано беше означена како терористичка организација. Меѓутоа во 2012 година Вашингтон ја избриша групата од листата на „странски терористи“.

Исто така,  познато е дека народните муџахедини се група која во 70-тите години на минатиот век со ајатолахот Хомеини го собори од власт Шахот во Иран, меѓутоа потоа дојде во судир со новиот властодржец. 

ВИДЕО: Познат нарко-бос убиен во центарот на Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот