16 C
Скопје

ВИДЕО: Познат нарко-бос убиен во центарот на Тирана

Во центарот на Тирана утринава е убиен 66-годишен маж, за кого медиумите наведуваат дека е познат нарко бос.

Тој бил убиен со огнено оружје со пригушувач, а како што пренесува АБЦ Албанија, станува збор за Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата заради своите криминални активности.

Бехар бил уапсен пред неколку години заради шверцување на десетина килограми дрога од Турција во Албанија, а беше вмешан и во инцидентот во Драч во 2009 година во кој беа убиени четири полицајци.

Полицијата наведува дека неговото убиство било добро организирано, како и дека се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Прочитајте и...  Пресуда за „Трезор"

Истрагата е во тек, а полицијата ги прегледува надзорните камери поставени на локацијата каде бил убиен.

Поврзани вести

Црни рекорди за Грција: Најголем број на починати и приклучени на апарати

Слободен печат

Лажен агент за недвижности 6 пати продал ист стан, агенциите загрижени за својот углед

Слободен печат

Богдановиќ за спорната градба кај „Холидеј Ин“: Двајца охриѓани ни ја попречија постапката во Уставен

Слободен печат

ФОТО | Музеј на „воени трофеи“: Алиев се сликаше покрај шлемовите на убиените ерменски војници

Слободен печат

Повторно рестрикции во водоснабдувањето за сите потрошувачи во Тетово

Слободен печат

Се ограничуваат трошоците на државните функционери за угостителски услуги

Слободен печат

Остави Коментар