ВИДЕО I Како да не беше доволна пандемијата: Индија ги утврдува штетите од силниот земјотрес

Силниот земјотрес што утрово го погоди Асам во Индија, ја кутна на колена земјата која со недели се бори за животот на пациентите заболени од коронавирусот.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, според видеоснимките споделени на Твитер предизвика материјални штети во североисточната индиска држава при што беа оштетени станбени згради и повеќе патишта.

Американскиот институт за геолошки истражувања потврди дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 34 километри, северно од главниот град Гуваати.

Надлежните екипи се на терен и се очекуваат извештаи за жртви и материјална штета, пренесува Ројтерс, иако досега нема официјални податоци.

Бројни Индијци останаа шокирани од глетката кога потресот предизвика рушење на ридот во областа Удалгури.

Европскиот сеизмолошки центар за Медитеранот измери дека земјотресот во Асам бил 6,2 степени, објави Ројтерс.

Силни земјотреси се почувствуваа во неколку наврати во неколку североисточни области на Индија и во соседен Бутан, принудувајќи стотици луѓе да ги напуштат своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот