ВИДЕО I ЕВРО 2020: Пораз на Македонија на деби настапот на ЕП

epa09267980 Stefan Lainer (L) of Austria action against Goran Pandev (R) of North Macedonia during the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Austria and North Macedonia in Bucharest, Romania, 13 June 2021. EPA-EFE/Vadim Ghirda / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз дебитираше на Европските првенства, „рисовите“ загубија со 3:1 од Австрија.

Фудбалерите уште на самиот почеток од натпреварот покажаа дека не се дојдени на Евро 2020 за да бидат само учесници, туку на континенталниот собир се со намера да се надигруваат со најдобрите. Избраниците на селекторот Ангеловски уште од почетните минути покажаа дека нема да се бранат, а имаат и доволно „моќно оружје“ за да ги нападнат Австријците. Првата шанса на натпреварот ја имаше Македонија во 10 минута во Пандев и Барди не се разбраа добро по што пропадна акцијата.

Сепак, првиот гол на Националната Арена во Букурешт го постигна Австрија и тоа во 18 минута преку Лаинер. Марсел Сабицер од триесетина метри упати остар центаршут во шеснаесетникот на Георгиевски, одбраната не успеа да навремено да реагира по што Лаинер ја смести топката во мрежата.

EPA-EFE/Vadim Ghirda

Голот како да ги потресе фудбалерите и тоа за малку ќе го искорстеше Калајџиќ но неговиот шут заврши право во Димитриевски.
Само 10 минути по примениот гол, Македонија успеа да го постигне историскиот гол на Европските првенства. Стрелец на голот е капитенот Горан Пандев кој го искористи киксот на одбраната и голманот на Австрија за да ја смести топката во мрежата на Бахман. Голот на Пандев го овозможи Александар Трајковски кој му ја изби топката од рацете на Бахман по што таа дојде до капитенот на кого не му беше тешко да донесе израмнување. До крајот на првото полувреме, и двете репрезентации немаа излегни шанси по што на одмор се замина со 1:1.

EPA-EFE/Marko Djurica

Стартот на второто полувреме започна со поофанзивна игра на избраниците на Ангеловски но не успеаја посериозно да се заканат кон голот на Бахман.
Но како одминуваа минутите така Австријците го зголемуваа притисокот, а со тоа и зачести играта пред шеснаесетникот на Димитриевски.

Австрискиот селектор Фода во 58 минута одлучи во игра да го внесе најдобриот играч, Марко Арнаутовиќ. Само пет минути подоцна Македонија имаше голема шанса, Барди центрираше кон Николов, но голманот Бахман успеа да интервенира на време. Следната минута Австријците имаа шанса но Столе Димитриевски прекрасно интервенираше.
Австријците продолжија да ја контролираат играта и топката, додека „рисовите“ својата шанса ја бараат преку контранападите.
Сепак, во 78. минута, Австрија со голот на Грегорич поведе со 2:1.
Фудбалерите до крајот на натпреварот се обидуваа но не успеаја да го совладаат Бахман уште еднаш, а офанзивната игра на „рисовите“ ја казни Арнаутовиќ во последната минута од натпреварот за конечни 3:1 за Австрија.
Наредна шанса по постигнатиот историски гол, да дојдат и до првите бодови на ЕП, фудбалерите ќе ја имаат за четири дена исто така во Букурешт против Украина.

АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:1 (1:1)
Национална арена во Букурешт: Главен судија: Андреас Екберг (Шведска). Стрелци: Лаинер 18, Грегорич 78′, Арнаутовиќ 89′ – Пандев 28′.
АВСТРИЈА: Бахман, Лаинер, Драговиќ (од 46′ Лаинхарт), Хинтерегер, Улмер, Баумгартнер (од 58′ Грегорич), Лаимер (од 93′ Баумгартлингер), Шлагер (од 93′ Инсакер), Алаба, Сабицер, Калајџиќ (од 58′ Арнаутовиќ)
Селектор: Франко Фода
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристевски, Велковски, Муслиу (од 87′ Ристовски), Николов (од 63′ Бејтулаи), Барди (од 82′ Тричковски), Адеми, Алиоски, Елмас, Пандев, Трајковски (од 46′ Костадинов).
Селектор: Игор Ангеловски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот