ВИДЕО | Груби провери пред новинарите: Платата ми е најниска од колегите, сум земал и поголема

Фото: Принтскрин

На денешната прес-конференција на владините функционери поврзана со изградбата на Коридорите 8 и 10д, новинар ги праша присутните министри и вицепремиери колкава плата земале за овој месец, а првиот вицепремиерот Артан Груби му одговори „Чекај да видам“ и потоа посегна по телефонот да си ги промери месечните примања.

Изненаден од платата што ја земал, тој искоментира дека сите плати се различни и оти неговата е најмала од сите вицепремиери и премиерот, но и од претходното работно место.

-Значи сите се различни, а гледам дека мојата е најмала од сите вицепремиери и премиерот и е многу помала од моето претходно работно место, но е согласно Закон. Навистина е добро што Уставен не донесе ретроактивна одлука затоа што ако ен се лажам од 2011 е замрзнат коефициентот и по однос на платите, апсолутно нема ништо незаконски, туку се однесува на неуставна одука донесена во 2011 година за замрзнување на коефициентот и беше дебата од страна на пратениците веќе 12-13 години. Добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што би значело дополнителни 12 години, изјави Груби.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, за зголемените плати на функционерите на годишно ниво ќе бидат потребни околу 960 милиони денари бидејќи се работи за над 1000 именувани лица, а овие средства не биле предвидени во Буџетот затоа што ова не е предлог на Владата, туку на Уставниот суд.

Сега ќе треба да направиме предлог за пренамена на средствата од Буџетот за да знаеме од кои ставки ќе се префрлаат парите, вели Бесими.

Највисоките три плати, пресметани со коефициент 4,5, се на претседателот на Собранието Талат Џафери во нето-износ од 166.207 денари, на претседателот Стево Пендаровски (164.217 денари) и на премиерот Димитар Ковачевски (156.402 денари). Одлуката на Уставен суд за покачување на платите на функционерите беше донесена на 21 март годинава. Априлската плата на функционерите е покачена и до 78 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот