ВИДЕО: „Гранде Милан“, Јувентус демолиран во Торино!

Франк Кесие до крајот на сезоната има важечки договор со Милан//Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Милан одиграа натпревар на ниво на нивните златни години, откако убедливо го совладаа Јувентус со 0:3 во Торино. Тоа беше прва победа во Торино од 2009 година за седумкратниот европски шампион.

Играчите на Стефан Пиоли беа подобар тим во текот на целиот натпревар, и го постигнаа водечкиот гол во надополнувањето на првото полувреме, односно Брахим Дијаз на одличен начин ја испрати топката во мрежата.

Во второто полувреме се очекуваше реакција на „Старата дама“, но „росонерите“ и натаму беа подобри и во 58. минута, откако Кјелини играше со рака, добија пенал, но истиот не го реализираше Франк Кесие.

Да бидат работите уште полоши за Милан, Златан Ибрахимовиќ ја напушти играта во 66 минута поради повреда, а Анте Ребиќ влезе во игра. Се покажа тоа како клучен момент, имајќи предвид дека неколку минути подоцна Хрватот постигна одличен погодок за 0:2.

Недолго после тоа, Чалханоглу му асистираше на Томори кој го „нокаутираше“ Јувентус и ја направи завршницата во Серија А уште поинтересна. Клубот од Торино е на три бода од местото кое води во Лигата на шампионите, има и податок кој вели дека Јуве против сите најголеми ривали има полош меѓусебен скор.

Во другите мечеви од неделната програма: Беневенто-Каљари 1:3, Парма-Аталанта 2:5, Верона-Торино 1:1 и Рома-Кротоне 5:0. Табела на три кола до крајот на сезоната: Интер 85 бодови, Аталанта 72, Милан 72, Наполи 70, Јувентус 69, Лацио 64, Рома 58…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот