ВИДЕО | Голем интерес за „Скопје фото недела“, разговор со Ангел Ангеловски

„Скопје фото недела“ е петти настан по ред во организација на „Ангеловски фотографија“ и „Грег момент“ (Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа одржани со името (ISPV) International Summit of Photographers & Videographers, а овој пат со ново име и концепт – Skopje Photo Week (SPW2020).
Петта година по ред Скопје е домаќин и инспиратор на фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност. „Поканата е отворена за сите. На инстаграм правилото е дека фотографијата треба да биде сликана од телефон. Може и со послаба опрема, основна за работа. Вечерва на полноќ истекува и од утре почнуваме да сортираме и прегледуваме“, изјави во Утрински брифинг Ангел Ангеловски.
Целиот раговор каде Ангеловски говори за распоредот и програмата на настаните погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот