ВИДЕО: Ѓоковиќ го најави пресвртот, Србија закажа полуфинале со Хрватска

Српските тенисери ја имаа клучната победа во двојки против Казахстан/Мадрид, Шпанија/1 декември 2021/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тениската репрезентација на Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис куп натпреварувањето откако со 2:1 триумфираше над Казахстан.

Најпрвин за селекцијата на Казахстан предност донесе Михаил Кукушкин со победата над Миомир Кецмановиќ со 7:6 (5), 4:6 и 7:6 (11).

Во вториот сингл меч првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се погрижи за израмнување. Со 2:0 во сетови Ноле за еден час и 18 минути игра го совлада Александер Бублик.

Победникот се решаваше во двојки во кои Србите го комплетираа својот пресврт, Ѓоковиќ заедно со Никола Чачиќ беа подобри со 2:1 од Андреј Голубев и Александр Недовјесов.

Во полуфиналето Србите ќе ги одмерат силите против Хрватска, а мечевите се на програмата в петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот