ВИДЕО | Гешоска: Што значат слободата и солидарноста и кои се искуствата во новите идеологии?

Од 30 октомври до 1 ноември се одржa европскиот фестивал „Freiraum“ (Простори на слободата) во организација Гете Институтот и е посветен на состојбата на слободата и на уметноста денес. Претставник од Северна Македонија е Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики, како еден од коорганизаторите и учесник во создавањето на Манифестот кој ги преиспитува значењата на слободата.

„Контрапункт“ учествува во оваа демократска платформа уште од 2017 година и она што е најважно за оваа платформа која финишираше со овој фестивал, е што конечно постои интензивен разговор, кој малку беше подзаборавен, а тоа е разговорот за слободата. Што таа значи? Се занимаваме со тоа што всушност во овие новопрезентирани идеологии, главно десни, што значи слободата. И во оваа пандемска ситуација во којашто повторно се отвори дилемата што значат искуствата на слободата. „Контрапункт“ ја имаше таа чест да учествува во клучното тело составено од десет организации кои ја имаа таа привилегија и можност да ја преиспитуваме и да ја редефинираме идејата за слобода, вели Искра Гешоска за Утрински брифинг.

Заедно со тоа одеше нашата желба да формираме една паневропска платформа која и по завршувањето на фестивалот и понатаму ќе се занимава со клучните нешта кои го артикулираат демократското општество, а тоа се солидарноста, размената, дијалогот и солидарноста. Токму сега кога сме во ваква ситуација, навистина ќе треба да се занимаваме со тоа што навистина значи солидарност и тоа е нешто што допрва следи.

Според мене и според колегите од оваа платформа тоа значи чувство на одговорност кон другиот, кон ранливиот, поголема емпатичност, чувство за тоа кој навистина е опресиран и поголема акција, бидејќи и слободата и солидарноста се нешта кои не е едноставно да се практикуваат, да се живеат. Едноставно е да говориме за нив, но не едноставно да заживеат, тоа бара огромна акција и напор и токму сега треба да се види што значи новата солидарност која од конференции ќе треба да влезе во секојдневниот живот“, рече Гешоска.

Освен во кураторскиот тим, Контрапункт учествуваше на фестивалот „Простори на слободата“ со кусиот филм на Владимир Јанковски и Ѓорѓе Јовановиќ, насловен „Пет приказни за слободата“, во кој протагонисти се Артан Садику, Оливера Ќорвезироска и Сашо Кокаланов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот