ВИДЕО | Георгиевски: Добра анализа после Египет, план, програма и системска работа за да не ни се случи ова што ни се случи на СП

Навистина ми е жал што не бев во репрезентацијата на ова Светско првентство. Бев позитивен на корона, па претстанавме со тренинзи, не бев физички подготвен и морав да го отстапам местото на друг, изјави во Утрински брифинг ракометарот Гоце Георгиевски.

-Овој настап на СП според резултатите не може да се рече дека е добар. Знам како им е таму на момците, знам дека не им е сеедно. Но што е тука е, реално резултатите беа под очекувањата. Сега треба да легнат работите, да се направи добра анализа, да се види кај е проблемот и да не ни се случи ова што ни се случи во Египет, вели Георгиевски.

Ракометот беше број 1 спорт во Македонија. Мора да е ова мотив за да се вложува во него. Мое мислење е дека прво треба да работат клубовите со децата, треба да се насочат кон вистинскиот пат, да знаат што работат, да бидат насочени во спортскиот живот. Тука е првиот чекор за поголеми успеси. Имам таленти, имаме играчи, само треба да се најде вистинскиот систем на работа, смета Георгиевски.

Целиот разговор со ракометарот Гоце Георгиевски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот