ВИДЕО+ФОТО | „Бабаграм“: Уред за комуникација со баби дизајниран од еден внук

Instagram
Instagram

Мануел Луисо Даљо од Шпанија, решил да најде начин како да комуницира со баба му Фелиса, 96-годишна старица која не знае да користи мобилен телефон.

Освен тоа, таа има проблеми со слухот. За да не биде осамена и тажна, Мануел го направил уредот наречен „Јајаграм“, а името потекнува од „јаја“ каталонскиот назив за баба и „грам“ кој е дел од името на апликацијата „Телеграм“ за праќање пораки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Süreyya Akay (@sureyyaakay)

Овој уред испраќа гласовни пораки, а примените пораки ги испишува. За да се сними порака треба прво да се избере името на личноста кон која се испраќа пораката, потоа се стиска на едно копче и преку микрофонот се снима пораката, која преку апликацијата „телеграм“ стигнува до лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filo.news (@filonewsok)

Додека ако некој ѝ испраќа порака на бабата, таа пристигнува во пишана форма. Целиот апарат е дизајниран за да ѝ ја олесни комуникацијата на бабата, а Мануел за ова доби многу пофалби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот