ВИДЕО: Филаделфија славеше против Бруклин, Ембид најдобар стрелец

фото: EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Кошаркарите на Филаделфија изминатата ноќ во НБА лигата на гостински терен го совладаа Бруклин со 110:102 и така стигнаа до третата победа во низа.

Сиксерси беа предводени од Камерунецот Џоел Ембид со 34 поени, Тајрис Мајкси запиша 25, а Сет Кари 17 поени.

Во редовите на Нетси по две недели се врати една од најголемите ѕвезди, Кевин Дурент, постигна 33 поени, колку и Џејмс Харден, кој забележа 14 скока и 10 асистенции.

Играчите на Милвоки ја забележаа петтата победа во низа, откако синоќа беа подобри од Орландо со 136:118, предводени од Јанис Адетокунбо, кој забележа 33 поени. Џру Холидеј додаде 25 поени за победничката екипа, Крис Мидлтон 22. Од друга страна, Франц Вагнер беше најдобар со 20 поени.

Вашингтон го победи Кливленд со 110:93, а најзаслужен за тоа беше Бредли Бил, кој во првиот натпревар после 12 дена реализираше 29 коша и 10 асистенции. Кајл Кузма имаше 25 поени и 10 скока за победничкиот состав, додека Кевин Лав беше најдобар кај Кливленд со 24 поени и 11 скока.

НБА лига, резултати –

Бруклин нетс – Филаделфија сиксерс 102:110
Орландо меџик – Милвоки бакс 118:136
Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс 110:93
Денвер нагетс – Голден Стејт вориорс (одложено)

Источна конференција –

Табела:
1. Бруклин нетс 23-10
2. Чикаго булс 22-10
3. Милвоки бакс 24-13
4. Мајами хит 22-13
5. Кливленд кавалирс 20-15

Западна конференција –

Табела:
1. Голден Стејт вориорс 27-7
2. Феникс санс 27-7
3. Јута џез 25-9
4. Мемфис гризлис 22-14
5. Денвер нагетс 17-16

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот