ВИДЕО | Ембид се врати, но Бостон ја прегази Филаделфија и изедначи во серијата

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Бостон Селтикс во голем стил израмни во серијата против Филаделфија на 1:1 откако во вториот натпревар славеа убедлива победа од 121:87.

Натпреварот во „ТД Гарден“ не понуди многу неизвесност и драма, домаќините од самиот почеток ја најавија победата и не му оставија премногу простор на ривалот. Филаделфија сега го имаше Ембид во составот, но и со него Бостон доминираше на паркетот.

Новиот МВП во НБА лигата се врати во составот по пауза од неколку натпревари поради повреда меѓутоа постигна само 15 поени. Слаб натпревар одигра и Џејмс Харден кој постигна само 12 поени и имаше шут од игра 2/14. Во редовите на Бостон најдобри беа Браун со 25 и Брогдон со 23.

Сега серијата се сли во Филаделфија каде што ќе се играат два натпревари, а потоа се враќа во Бостон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот