ВИДЕО | Ембид го доби дуелот со Јокиќ, па му шепна: Ти си најдобар во лигата

Фото: Philadelphia 76ers

Тимот на Филаделфија предводен од Џоел Ембид славеше во натпреварот против Денвер на Никола Јокиќ со 126:121.

До победата Ембид и друштвото стигнаа во последниот период во кој Денвер влезе со предност, меѓутоа постигна само 17 поени, па така домаќините успеаа да го свртата резултатот и да слават со пет поени разлика.

Предводник на Филаделфија беше токму актуелниот МВП во лигата со 41 поен, десет асистенции и седум скокови. Сепак, имаше и солидна поддршка од Максеј кој го заврши мечот со 25 поени.

Во дресот на Денвер Јокиќ имаше солиден настап со дабл-дабл учинок од 25 поени и 19 скокови.

По завршувањето на натпреварот видовме и интересна ситуација во која разговараа Ембид и Јокиќ, а ѕвездата на Филаделфија на српскиот кошаркар му порача:

„Ти си најдобриот во лигата, само продолжи така“.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Денвер 126-121

Феникс – Сакраменто 119-117

ЛА Клиперс – Оклахома 128-117

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот