ВИДЕО: Елмас и Наполи подобри и од „биковите“ во Торино

Фудбалерите на Наполи како гости го совладаа Торино со 0:1 во натпреварот од 36 коло во Серија А.
Стрелец на единствениот гол беше шпанскиот интернационалец Руи после една соло акција во 73 минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 77 минута како замена за Инсиње кој во 60 минута не реализираше пенал.
Со оваа победа играчите на тренерот Лучано Спалети ја задржаа третата позиција на табелата пред четвртопласираниот Јувентус, додека Торино е на 10 место со 47 бодови.
Во следното претпоследно коло „наполитанците“ на 15 мај дома ќе ја пречекаат екипата на Џенова.
Видео на денот