ВИДЕО: Елмас и Наполи немоќни на гостувањето кај Аталанта

epa09028532 Atalanta's Luis Muriel (R) scores the 3-1 lead during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and SSC Napoli in Bergamo, Italy, 21 February 2021. EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, одигра 52. минути но не можеше да го спречи убедливиот пораз на Наполи на гостувањето во Бергамо кај Аталанта во 23. коло во Серија А.

Аталанта славеше со 4:2 иако првото полувреме заврши без голови. Гол шоуто во второто полувреме го отвори Дуван Запата во 52. минута. Наполи одговори во 58. минута преку Зјелински, но радоста на гостите траеше само шест минути бидејќи Госенс повторно ја врати Аталанта во водство, за Мјуриел во 71. минута да погоди за водство од 3:1.

Надежите на Наполи да го избегне поразот ги зголеми Госенс со автоголот во 76. минута, но три минути подоцна тие исчезнаа откако Ромеро ги постави конечните 4:2 за тимот од Бергамо.
Со победата над Наполи, Аталанта се искачи на четвртото место на табелата со 43. бода, додека тимот на Елмас остана на седмата позиција со 40. бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот