ВИДЕО | Експлозија во ресторан во Кина, најмалку двајца мртви, дваесетина повредени

Експлозија Кина / Фото твитер

Најмалку две лица загинаа, а 26 се повредени денеска во силна експлозија во ресторан во кинеската област Санхе, објавија државните медиуми.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е истекување на гас.

Експлозијата се случила околу 8 часот по локално време кога многу луѓе оделе на работа, објави CCTV.

Како што се додава, експлозијата била „во стара станбена зона“, во областа Санхе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот