ВИДЕО | ЕкоВита против „гасна централа“ во Неготино, бара поддршка од винариите и адвокатите

Имавме состанок со градоначалникот на општина Неготино и претседателот на Советот во врска со последните најави за изградба на гасна централа која што ќе работи на согорување на комунален отпад од цела Македонија. Сакавме да добиеме информации за што конкретно се работи, но за жал не добивме конкретни информации. Дали општината се уште не знае или информациите се кријат не успеавме да дознаеме, а причината е што локалната самоуправа не е транспарентна во донесувањето на одлуки, не е отворена кон граѓаните, и не ги вклучува во носењето на одлуки. Еден од најзначајните проблеми е Законот за стратешки инвестиции кој ја заобиколува општината, по директива од Скопје, Владата и Собранието одлучуваат што ќе се инвестира во Неготино. Тоа ни е најголемата забелешка, бидејќи законот за стратешки инвестиции, не ги почитуваат конвенциите во кои стои дека граѓаните ќе бидат информирани и ќе бидат вклучени во носењето на сите одлуки, изјави во Утрински брифинг Сашко Тодоров претседател на Здружение на граѓани ЕКОВИТА од Неготино.

Александар Гичовски од ЕКОВИТА смета дека вакви слични проблеми се провлекуваат веќе години наназад, проблеми кои ги засегаат сите граѓани на општината.

„Нашата иницијатива која што беше уште од минатата година кога на ниво на општината трребаше да се гради една депонија од формат каков што нема никаде во околината. Тогаш почнавме да го креваме гласот, се здруживме од сите здруженија и направивме иницијатива која што трае година ипол. За неполни две недели собравме 3.323 потписи колку што ни беа побарани, а Советот и општината да распишат референдум, но од необјасниви причини тие тоа не го направија“, вели Гичовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот