ВИДЕО: Ејбрахам со Рома урна рекорд стар 60 години

Теми Ејбрахам придонесе со два гола во триумфот над „биковите“/Торино, Италија/20 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Рома убедливо го совладаа Торино на гости со 0:3 (0:2) во последното коло од италијанската Серија А и со тоа се сигурен учесник во Лигата на Европа за следната сезона.

Од првиот момент на средбата римската „волчица“ наметна свое темпо, го одржа нивото на игра и со двата брзи гола на Теми Ејбрахам стекна убава предност.

Се играше во 33 минута кога Ејбрахам после асистенцијата на Пелегрини изведе „магија“ и уште еднаш покажа дека има голема самодоверба оваа сезона, а во 42 минута од пенал ја зголеми позитивата.

Со тие два гола, Ејбрахам стана најдобриот англиски стрелец во една сезона во Серија А. Рекордот го држеше Гери Хиченс во дресот на Интер од сезоната 1961/62.

До крајот на натпреварот видовме уште еден пенал кој го претвори Лоренцо Пелегрини во гол за убедливи 0:3.

Рома со оваа победа обезбеди учество во Лига Европа следната сезона, па барем ќе го симне тој притисок пред финалето на Лигата на конференции со холандскиот Феенорд на 25 мај во Тирана, Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот