ВИДЕО: Една година од историската победа на Македонија против Италија во Палермо

фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

На денешен ден 24 март 2022 година запишана е една од најзначајните победи во историјата на македонската А фудбалска репрезентација.

Тоа беше полуфинале од плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар одиграно на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Сите ги гледаа фудбалерите на Роберто Манчини како огромни фаворити против избраниците на селекторот Благоја Милевски, но се случи едно од најголемите изненадувања во фудбалскиот свет.

Кога сите помислија дека натпреварот можеби оди во продолженија, во втората минута од судиското надополнување, Александар Трајковски по асистенцијата на Боја Миовски, на терен кој добро го познава кога ги бранеше боите на Палермо, и во свој стил со еден силен и презицен удар ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума.

Овој погодок предизвика голема радост кај македонските навивачи, а голема тага и разочарување кај италијанските фанови.

Нашата А селекција не успеа потоа во финалето да ја совлада Португалија за учество на Мундијалот, но сигурно ќе остане во сеќавање историската победа над актуелниот европски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот