ВИДЕО | Двоглавата желка Јанус полни 25 години

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Желката којашто е главна атракција во музејот, секојдневно ужива во вип третман во својот дом. Вработените кои се одговорни за нејзиното здравје секојдневно ја капат, редовно ја масираат, ставена е на посебен режим на исхрана и внимателно се следи нејзината општа состојба.

Двоглавата желка по име Јанус во Природонаучниот музеј во швајцарска Женева во саботата наполнила 25 години, и во таа пригода е измиена со четкичка за заби, пренесува британски „The Times“.

Двете глави со два мозока имаат различни особености, според музејот, и понекогаш сакаат да одат во различни правци. Десната глава е подоминанта, а левата е попасивна. Тимот одреден за нега постојано го држи Јанус на око, за да спречи да се преврти.


Желката е изведена од јајце во музејот во 1997 година, а името го добила по Јанус, староримскиот бог со две лица.

Зоолозите велат дека животното не би преживеало напад на предатор во дивината, бидејќи нема доволно простор двете глави да се завлечат под оклопот.

Желката ја хранат со исечкано овошје и зеленчук од органско потекло. Роденденот вклучувал и снимања „селфи со Јанус“, запознавање со тимот кој се грижи за него и научна расправа за необичноста на неговите две глави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот