ВИДЕО: Дронот на Утрински брифинг над скопските улици, одржан најголемиот авто-мото настан земјава

Авто-мото настан Street Show, СРЦ „Борис Трајковски“ / Фото: Принтскрин / Утрински брифинг

Денес за време на гласањето за локалните избори, на скопските улици може да се забележи раздвиженост во сите општини. На страна од фокусот на локалните избори, денес на големиот паркинг пред СРЦ „Борис Трајковски“ дронот на Утрински брифинг го забележа најголемиот авто-мото настан во нашата земја

На настанот беа присутни 22 изложувачи со над 40 брендови кои се достапни на македонскиот пазар. Притоа, беа изложени секаков вид на возила, дел од нив за првпат прикажани пред очите на македонската јавност и имаа премиерни презентации.

Во рамките на настанот, присутните имаа шанса да се запознаат со голем број на новитети меѓу автомобилите, мотоциклите, четирициклите, комерцијалните возила и електричните скутери и мотори, а присутни беа и компании од индустријата на автомобилска галантерија и додатоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот