ВИДЕО: Драматична полициска снимка од нападот со чекан врз сопругот на Ненси Пелоси

Американската полиција, по наредба на судот, објави снимка од камерата поставена на телото на полицаецот кој прв се јавил на повикот за помош во куќата на поранешната спикерка на Сенатот на 28 октомври лани, Ненси Пелоси, кога нејзиниот сопруг, Пол Пелоси, беше нападнат од натрапник вооружен со чекан.
На снимката се гледа како полицаецот брза да стигне во куќата од која дошол повикот, по што ја отвора вратата и ги гледа 82-годишниот Пелоси и напаѓачот, кои се грабаат за чеканот.
🚨BREAKING: Bodycam footage of Paul Pelosi attack released pic.twitter.com/zwcawl5WGN
— Benny Johnson (@bennyjohnson) January 27, 2023
Полицаецот му наредува на напаѓачот да го фрли чеканот, но тој замавнува кон главата на Пелоси, по што почнува борба за оружјето.
Во исто време, по наредба на судот, објавена е и аудиоснимка од повикот на Пелоси на бројот за итни случаи 911, на која се слуша како тој се обидува да повика помош, без да го разгневи напаѓачот.
Напаѓачот што го удри сопругот на Пелоси со чекан, сакал да ги нападне и Том Хенкс и синот на Бајден