Напаѓачот што го удри сопругот на Пелоси со чекан, сакал да ги нападне и Том Хенкс и синот на Бајден

Човекот кој е обвинет за нападот на Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, исто така имал планови да ги нападне Хантер Бајден, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом и актерот Том Хенкс.

Полицајката од Сан Франциско, Карла Харли, пред судот изјавила дека напаѓачот на сопругот на Пелоси, Дејвид ДеПејп, ѝ открил список на неговите цели за време на едночасовниот разговор во болницата веднаш по нападот во октомври, пишува NBC.

Во претходното судско поднесување се вели дека ДеПејп именувал неколку истакнати државни и федерални политичари, нивни роднини и локален професор, но не идентификувал ниту еден од нив.

Според федералните обвиненија, ДеПејп е обвинет за обид за киднапирање и напад. Тој, исто така, се соочува со голем број државни обвиненија, вклучувајќи обид за убиство, кражба на живеалиште, напад со смртоносно оружје, лажно затворање на постаро лице и упатување закани против јавен службеник и нивното семејство. За сите обвиненија ДеПејп се изјасни дека не е виновен.

Харли рече дека ДеПејп зборувал и за теории на заговор што го поттикнале нападот. Една од целите на ДеПејп беше Њусон, демократ и гувернер на Калифорнија почнувајќи од 2019 година. Неговата друга цел беше синот на Бајден, Хантер.

Бајден беше политичка цел на десницата во последниве години, особено откако Њујорк пост објави во октомври 2020 година дека има инкриминирачки мејлови меѓу синот на претседателот Хантер и украински бизнисмен.

Актерот Том Хенкс, во меѓувреме, го поддржа Џо Бајден, појавувајќи се покрај него на масовно собирање средства во 2020 година. ДеПејп ќе биде изведен пред суд на 28 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот