ВИДЕО | Драма кај Тел Авив: Напаѓачи со автомобил влетале во луѓе, а потоа ги избоделе

Фото: Wikimedia / илустрација

Најмалку 14 лица се повредени во близина на Тел Авив, Израел, откако возило удрило во луѓе, а потоа биле избодени со нож од напаѓачи.

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, службите за итни случаи известија дека автомобили удриле во пешаци на три одделни локации во израелскиот град Ранана.

Според израелските медиуми, осомничениот го избодел возачот пред да му го украде автомобилот и да налета на три лица.

Потоа возачот го оставил автомобилот, по што украл друго возило и со него налетал на друга група луѓе на улицата Ахуза.

Градоначалникот на Ранана рече дека се уште не е потврдено дека двата инциденти се поврзани, но ги замоли граѓаните да останат дома .

Додека истрагата е во тек, нападите се третираат како терористички. Градот Ранана се наоѓа северно од Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот