ВИДЕО: Денвер победува на крилјата на Јокиќ

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) е голем фаворит според обложувалниците за МВП наградата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер нагетс со 104:95 го совладаа најдобриот тим во Источната конференција, Филаделфија сиксерс. Речиси се беше решено во првата четвртина која Денвер ја доби со 44:22 и без никакви проблеми го приведе натпреварот до самиот крај.

Никола Јокиќ со 21 поен и 10 скокови беше еден од најзаслужните за победата, а одлична партија одиграа и Џамал Мареј со 30 и Мајкл Портер со 27 поени. Во редовите на Филаделфија, Тобајас Херис постигна 12 поени.
Шарлот со 114:104 славеше на гостувањето кај Вашингтон. Тери Розиер со 27 поени беше најдобар во победничкиот тим, додека на спротивната страна, Расел Вестбрук оствари нов трипл-дабл од 22 поени, 15 скокови и 14 асистенции.

Изненадувачки резултат во Лос Анџелес каде Клиперси загубија од Орландо со 103:96. Во редовите на Орландо кој го размени тројцата најдобри играчи, најрасположен за игра беше Чума Океке со 18 поени, додека кај Клиперси, Каваи Ленард даде 28 поени.
Феникс санс со 117:110 го победи Атланта и остана на второто место во Западната конференција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот