ВИДЕО: Денвер не може без Јокиќ, Хјустон издоминира за убедлива победа
Teшко му оди на Денвер кога Никола Јокиќ не е на теренот, а тоа се покажа и во натпреварот против Хјусон измзинатата вечер.
Препорачано
Јокиќ не настапи против Хјустон, а тимот од Тексас без проблеми славеше над Денвер со 128:108 со што ја зацврсти втората позиција на табелата. Натпреварот Јокиќ го пропушти поради воспаление на лактот на десната рака и за него тоа беше шести натпревар во кој не настапи сезонава.
Победникот беше најавен уште во првото полувреме по кое Хјустон имаше предност од 69:48 и останатите 24 минути беа само рутински одработени. Предводник на Хјусотн беше Грин со 34 поени, додека Браун и Мареј уфрлија по 22.
Денвер на табелата на Западот се наоѓа на четвртата позиција, а овој пораз од Хјустон беше четврти по серијата од четири победи.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Њујорк 119-125
Торонто – Бостон 110-97
Чикаго – Атланта 97-110
Милвоки – Орландо 122-93
Њу Орлеанс – Далас 119-116
Сан Антонио – Мемфис 115-129
Денвер – Хјустон 108-128
Јута – Шарлот 112-117
Минесота – Голден Стејт 115-116
ЛА Лејкерс – Мајами 117-108
ЛА Клиперс – Бруклин 126-67


