ВИДЕО | Дали ќе го препознаете? Чак Норис го прослави својот 84. роденден

Американскиот актер и боречка ѕвезда Чак Норис пред неколку дена го прослави својот 84. роденден, а по тој повод сподели видео на Инстаграм со своите 1,6 милиони следбеници. Во видеото може да се забележи дека актерот сè уште е во одлична физичка форма, иако повеќе ги нема брадата и долгата бакарна коса по кои беше препознатлив.

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48“, вели во краткото видео на кое удира боксерска вреќа, а потоа им се заблагодари на фановите за честитките.

Инаку, Чак всушност стана познат сосема случајно. Во текот на 1950-тите и 1960-тите, тој служел во војска кога се заинтересирал за боречки вештини, што на крајот го навело да се занимава со глума. Во текот на 1970-тите и 1980-тите, тој беше една од најголемите акциони ѕвезди во Холивуд.

Денес тој ретко се појавува во јавноста, а веќе 36 години е во среќен брак со поранешната манекенка и актерка Џена О’Кели, со која има три деца, додека со поранешната сопруга Дајан Холечек има два сина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот