ВИДЕО | Д-р Рафајловски: Лоша политика е да се одржуваат бизниси и фирми кои ќе банкротираат

Основната работа на бизнисот не е преголемиот буџет и долг што ќе се направи, туку немањето концепција во буџетот. Повеќе пати беа повикани претставници на владата пред да го направат буџетот, но тоа повторно го направија сами. Во концепцијата на буџетот ние имаме три основни работи на кои што треба да внимаваме. Јасно е дека оваа криза ќе ги задолжи идните генерации. Посакувам од срце да започне вакцинацијата наредната година и да заврши до мај месец, за светот малку да се ослободи и да почне некако да функционира. Падови имаат сериозни економии како Германија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Горан Рафајловски, финансиски консултант.

-Треба да се позајмиме. Кога сите ме критикуваа јас бев прв кој што рече дека треба да се позајмиме 2.000.000.000. Совршено е небитно од кого ќе се зајмите. Вие мора да направите државата да функционира. Расходите се многу важна работа. Мора да се разбере дека одредени бизниси се гледа дека нема да продолжат на она рамниште и кога ќе помине кризата. Ќе има пропаѓања и државата не може да вложува во бизнисите во кои што не гледа иднина и напредок. Некој може да ми се налути сега, но се гледа дека трудо-интензивните дејности нема да успеат. Уште долго време нема да имате нарачки на текстил. Значи мора да имаме преструктуирање и да видиме каде ќе оди стопанството. Значи ако не се направи оваа анализа веднаш ние ќе имаме сериозен проблем на потрошени, а не вратени пари. Не вратени пари бидејќи бизнисот нема да може да ги продуцира, смета Рафајловски.

Од почеток, потенцита Рафајловски, велам дека банките не влегоа рамноправно со нас во кризата. Тоа ќе им се одрази. Можеби ќе бидат последни во редот, но сериозно ќе им се одрази. Значи да влезеа со нас, да пресметеа, во модерна економија да штедите пари мора нешто да ви фали. Имаме банкарски систем од пред 100 години.

-Администрацијата мора да се скрати. Бизнис заедницата порачува – добијте ефикасна администрација, обештетете ги луѓето со 3 годишни плати, тоа е поефтино отколку да ги држите на товар цело време. Дајте им можност да размислуваат. Направете стратегија и кажете Македонија ќе биде преработувачка индустрија за прехранбени производи. Секој што ќе го направи тоа ќе му дадеме толку и толку средства, додава Рафајловски.

Целиот разговор со д-р Горан Рафајловски, финансиски консултант погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот