ВИДЕО: Чудесниот голман Менди го врати Челси на врвот во Премиер лигата

Голманот на Челси Едуар Менди имаше шест клучни одбрани на мечот против Брентфорд/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Во последниот натпревар од саботната програма на осмото коло во Премиер лигата Челси славеше на гостувањето кај Брентфорд и со три освоени бодови се врати на првото место на табелата.

Екипата на Томас Тухел славеше со мининален резултат, а единствениот гол на мечот го постигна Бен Чилвел.

Се тресеше домашната мрежа и во 22 минута, но погодокот на Лукаку беше поништен поради офсајд.

Еден од најзаслужните за триумфот на гостите беше и голманот Менди кој забележа шест одбрани, поголемиот дел од нив ги имаше во финишот од мечот кога Брентфорд се обидуваше да дојде до израмнување.

На табелата Челси е на врвот со 19 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул, а на третата позиција е Манчестер сити (17).

ВИДЕО: Ни Роналдо не помага, се „тресе“ клупата на Оле Гунар Солскјер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот