ВИДЕО | Брентфорд го сруши Челси на „Стенфорд Бриџ“

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Во рамките од 10. коло во Премиер лигата екипата на Челси претрпе пораз на гости кај Брентфорд од 0:2.

По лошиот старт на сезната Челси во овој натпревар влезе со една добра мини-серија од три натпревари без пораз, но на крајот Бретфорд ги однесе трите бода од „Стенфрод Бриџ“.

Беше Челси подобар противник во првото полувреме кога упати дури десет удари кон противничкиот гол, гостите имаа само два, сепак таа иницијатива не вроди и со гол. Казната стигна во второто полувреме кога Пинок ја затресе мрежата Санчез, конечните 0:2 ги постави Мбуемо во завршницата од натпреварот.

Брентфорд со овој триумф го прескокна Челси на табелата и сега се наоѓа на 10-тата позиција со бод повеќе од „сините“ кои останаа на 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот