ВИДЕО | Бојан Кркиќ објави крај на кариерата

Фото: Screenshot

Поранешениот фудбалер на Барселона и некогаш голема надеж на каталонскиот гигант, Бојан Кркиќ денес и официјално објави крај на кариерата.

Кркиќ блесна во академијата на Барселона каде што беше најдобар стрелец во сите младински категории се највуваше како голема фудбалска ѕвезда, но никогаш не ги достигна фудбалските височини кои му се предвидуваа.

По голема борба со повредите, Кркиќ на 32 години се одлучи да каже „збогум“ на фудбалот.

На денешната прес-конферењнција тој зборуваше за разни теми, но истакна дека нема намера да остане во фудбалот. Во првиот тим на Барселона влезе во 2007 година и ја делеше соблекувалната со Роналдињо, Меси, Давид Виља, Тиери Анри…Сепак не успеа да силно да блесне.

За Барселона вкупно одигра 163 натпревари и постигна 41 гол. Рома, Милан, Стоук, Ајакс, Мајнџ, Алавес, Монтреал и Висел Кобе беа клубовите каде што настапуваше по заминувањето од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот